СОНЦЕТО ГО ТОПЕШЕ, НИЕ УПОРНО ГО ГРАДЕВМЕ СНЕЖНИОТ ГРАД, ВЕЛАТ ОД ДЕТСКИОТ ЦЕНТАР „КАРПОШ“

    СОНЦЕТО ГО ТОПЕШЕ, НИЕ УПОРНО ГО ГРАДЕВМЕ СНЕЖНИОТ ГРАД, ВЕЛАТ ОД ДЕТСКИОТ ЦЕНТАР „КАРПОШ“Изградбата на фигурите била вистински предизвик поради невообичаено топлото време (Фото: СДК.МК)

    Шеесетина ученици организирани преку детскиот културен центар „Карпош“ пет дена на Попова Шапка го градеа Снежниот град.

    Оваа година, изградбата беше вистински предизвик бидејќи невообичаено топлото време за овој период од годината не дозволуваше снежните фигури подолго време да траат. Но, упорноста на децата се исплатеше и неколку снежни фигури, сепак, беа направени.

    Од снег беа направени и оган и пингвин (Фото: СДК.МК)

    „Иако сонцето го топеше снегот, децата беа упорни и ги правеа фигурите. Малку падна снег, но дуваше и ветер. Се работеше секој ден од 9:30 до 12:30. Во овие неколку дена успеавме од снег да направиме пингвин, Снежана и седумте џуџиња, тврдина, оган, порта, коњ, како и најчестата фигура досега – игло. Иако снежните фигури траеја по ден или два, најважно беше да се прикаже креативноста на децата, како и тие да се навикнат на колективно дружење и работа“, изјави Стојан Христов, организатор на програмата на ДКЦ „Карпош“.

    Манифастацијата Снежен град се одржува веќе 44 години. Во минатите години се одржуваше во Маврово, во детското одморалиште „Бунец“, а во последниве неколку години на Попова Шапка.

    З. АНДОНОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари