СНЕГОТ И МРАЗОТ ГИ СОТРЕА ПОСЛЕДНИТЕ ДВЕ ПАЛМИ НА КЕЈОТ ВО ОХРИД

    СНЕГОТ И МРАЗОТ ГИ СОТРЕА ПОСЛЕДНИТЕ ДВЕ ПАЛМИ НА КЕЈОТ ВО ОХРИДВо изминативе 7-8 години, во Охрид беа засадени преку 200 садници на палми, од кои најголем дел се исушија (Фото: СДК.МК)

    Ниските температури и денешниот снег, кој создаде бела покривка од десетина сантиметри, ги исушија и последните две палми на градскиот кеј во Охрид. Останаа уште неколку пред хотелот „Тино”, но и тие се речиси исушени.

    Од „Охридски комуналец“ ни кажаа дека за нив, приоритет се расчистувањето и одржувањето на улиците низ градот и до околните селски населби. Палмите не ги заштитиле, бидејќи од лани, тие постепено се заменуваат со јапонски дрва, кои се отпорни на студ.

    Новиот снег создаде бела покривка од десетина сантиметри (Фото: СДК.МК)

    Во Охрид, изминативе седум-осум години претходната влада преку Македонски шуми засади над 200 палми долж охридскиот кеј. Многу од нив во зимскиот период се исушија уште во првата година од засадувањата, иако беа покривани со посебно платно. Јавното претријатие Македонски шуми за набавка на 1.100 палми што ги засади во сите градови потроши скоро пола милион евра.

    Денеска во Охрид има вистинска вејавица. Наврнаа десетина сантиметри снег и има најави дека ќе паѓа и во текот на ноќта, но главните сообраќајници се проодни.

    Д. ЧУБРИЌ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари