СO 190 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА ЌЕ СЕ УРЕДУВА ПРОСТОРОТ ОКОЛУ СПОМЕН-КОСТУРНИЦАТА ВО КУМАНОВО

    СO 190 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА ЌЕ СЕ УРЕДУВА ПРОСТОРОТ ОКОЛУ СПОМЕН-КОСТУРНИЦАТА ВО КУМАНОВОПредвидена е изградба на три спортски терени, трим патеки, справи за вежбање, како и амфитеатар, а ќе се изврши реконструкција на постоечкото игралиште, а ќе се реконструира и на познатата Спомен-куќа, која во иднина ќе послужи за изложба на експонати од културно и историско значење на градот. (Фото: СДК.МК)

    Со средства добиени преку проект на ЕУ за прекугранична соработка на Куманово и Гњилане, ќе се уредува комплексот околу Спомен-костурницата во Куманово. Проектот предвидува партерно уредување на просторот, засадување зеленило и поставување нова урбана опрема.

    „Предвидена е изградба на три спортски терени, трим патеки, справи за вежбање, како и амфитеатар, а ќе се изврши реконструкција на постоечкото игралиште. Доплнително, целиот простор ќе биде озеленет со нови садници и хортикултурно ќе се уреди. Со овој проект ќе се зголемат спортските капацитети и ќе се создадат услови за поголема рекреација на граѓаните. Веќе следната година оваа локација ќе добие нов, модерен лик“, рече градоначалникот Максим Димитриевски.

    Проектот за Куманово чини околу 190 илјади евра, градежните работи ќе започнат наредната недела, а треба да завршат до крајот на следната година, но надлежните се надеваат дека тоа ќе се случи порано. По завршување на проектот, Општината планира да вработи редари кои ќе се грижат за урбаната опрема и безбедноста на граѓаните.

    Покрај партерно уредување обезбедени се средства за реконструкција на познатата Спомен-куќа, која во иднина ќе послужи за изложба на експонати од културно и историско значење на градот.

    Градоначалникот Димитриевки се надева дека државата преку Министерството за култура ќе најде пари и ќе ја реконструира Спомен-костурницата на паднатите борци од НОБ, бидејќи се наоѓа во лоша состојба, а е споменик од прва категорија.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира