СО ЕКО АКЦИЈА ИСЧИСТЕНИ И ПРОБИЕНИ ПЕШАЧКИ, ВЕЛОСИПЕДСКИ И МОТО ПАТЕКИ ВО ПРЕСПА

    СО ЕКО АКЦИЈА ИСЧИСТЕНИ И ПРОБИЕНИ ПЕШАЧКИ, ВЕЛОСИПЕДСКИ И МОТО ПАТЕКИ ВО ПРЕСПААктивистите ја исчистија таканаречената пешачка патека во Претор до Сливничкиот манастир „Св. Богородица“, а од таму до манастирот во Курбиново расчистија и уредија патека по сите планинарски стандарди. (Фото СДК.МК)

    Активисти во Преспа деновиве одржаа еко акции со расчистување на смет и обезбедија проодност на пешачки, велосипедски и мото патеки во овој крај. Тие ја исчистија таканаречената пешачка патека во Претор до Сливничкиот манастир „Св. Богородица“, а од таму до манастирот во Курбиново расчистија и уредија патека по сите планинарски стандарди. Еко акција имаа и во село Стење од каде им почнува таканаречената водена тура. По нивното чистење сметот го подигаше Комуналното претпријатие од Ресен.

    Сите патеки се обележани со патокази, а во изработка се и информативни табли кои ќе се монтираат идната недела. Поставени се и 28 корпи за отпадоци низ центарот на Ресен.

    „Доживејте ја Преспа од сите агли и впијте ги нејзините прекрасни погледи“, велат учесниците.

    Активостите се дел до проектот „Преспа ту гоу“ (Prespa2go) кој има мисија да го поттикне активниот туризам и алтернативните начини на уживање на природата на Преспа. Проектот е спроведен од Локална акциона група, Еко Герила од Ресен и Дану Филантропија ЈИЕ од Скопје. Реализиран е во рамките на ,,Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан финансирана од ЕУ, а ја спроведува УНДП.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира