СО ИМПРОВИЗИРАНИ КАМИОНЧИЊА СЕ СОБИРА ЃУБРЕТО НИЗ НАСЕЛБИТЕ ВО СКОПЈЕ

    СО ИМПРОВИЗИРАНИ КАМИОНЧИЊА СЕ СОБИРА ЃУБРЕТО НИЗ НАСЕЛБИТЕ ВО СКОПЈЕОд двете страните на возилото се ставени лимени тараби за да не паѓа ѓубрето, а работниците со раце ги празнеа кантите.(Фото: СДК.МК)

    Со импровизирани камиончиња на кои нема ознаки на  ЈП „Комунална хигиена“ се собира ѓубрето низ населбите во Скопје.

    Во населбата Влае денес ѓубрето од кантите се собираше со мало камионче кое не е за собирање смет, туку е прилагодено за оваа намена. Од двете страните на возилото се ставени лимени тараби за да не паѓа ѓубрето, а работниците со раце ги празнеа кантите.

    Скопје во мандат на градоначалничката Данела Арсовска се соочува со полни контејнери и улици затрупани во смет. Министерот за  локална самоуправа Златко Перински кажа дека според неговите информации проблемот со ѓубрето е поради тоа што ЈП „Комунална хигиена“ има само три камиони кои се во функција за подигнување на сметот.

    Поради проблемот со хигиената повторно се скараа премиерот Христијан Мицкоски и градоначалничката Данела Арсовска обвинувајќи се меѓу себе за причините зошто Скопје е валкано. Двајцата имаа и средба во Владата по која беше кажано дека ништо конкретно не било договорено, туку дека Арсовска треба да предложи мерки за решавање на проблемот.  Планот на Арсовска ќе се разгледуваат на седницата на Советот на Град Скопје која закажана за в четврток.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира