Со јапонски грант обезбедена е медицинска опрема за лекување постковид пациенти на Клиниката за инфективни и фебрилни болести и КАРИЛ, како и во ГОБ „8 Септември“ во Скопје. Првата фаза од социо-економскиот грант за медицинска опрема изнесува 813 000 евра.
„Опремата се состои од дефибрилатори, електрокардиограми, анализатори за крв, централни монитори, рендген и ехо мобилни апарати, медицински ладилници. Дел од опремата е веќе инсталирана и ставена во употреба на КАРИЛ и Инфективната клиника, каде се третираат пациенти со специфична постковид здравствена состојба, а до крајот на годината ќе пристигне и останата опрема која ќе биде инсталирана и во другите клиники, а се состои од три дефибрилатори и мобилни ехо апарати, рече министерот за здравство Беким Сали.
Од осамостојувањето на Македонија досега, Јапонија обезбедила финансиска поддршка преку донации од 421 милион евра во различни сфери од општественото живеење.
„Го зајакнуваме пријателсството. Ова е иницијатива на Владата на Јапонија за поддршка на здравствените институции во борбата против ковид-19“, рече јапонскиот амбасадор Хиронори Савада.
Ж. ЗДРАВКОВСКА