СО КУКАСТИ КРСТОВИ И ПОРАКИ ЗА СМРТ ИСЧКРТАНИ ФАСАДАТА И НОВАТА ДОГРАМА НА УЧИЛИШТЕ ВО БИТОЛА

    СО КУКАСТИ КРСТОВИ И ПОРАКИ ЗА СМРТ ИСЧКРТАНИ ФАСАДАТА И НОВАТА ДОГРАМА НА УЧИЛИШТЕ ВО БИТОЛАОсновното училиште „Св. Климент Охридски“ брои најмногу ученици во Битола, дури 995. (Фото: СДК.МК)

    Кукасти крстови, вулгарни и други натписи кои шират говор на омраза се испишани на фасадата и новата дограма на Основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Битола. Не е познато кој го сторил ова.

    Случајот е пријавен во полиција, екипи направиле увид и направен е записник.

    Ова училиште брои најмногу ученици во Битола, дури 995.

    Од Општина Битола ги осудија вандалските натписи во кои се користи говор на омраза, недоличности, а истовремено се уништува фасадата на училиштето.

    „Ваквиот вандалски чин претставува деградирање на моралните вредности, имајќи в предвид дека станува збор за образовна институција, во која што учат деца од основното образование на возраст од 6-14 години. Во рамките на своите законски надлежности, Општина Битола ги поддржува релевантните институции во откривањето на сторителите во најбрз можен рок“, соопштија од Општина Битола, со апел за повисока морална свест, за да не се поттикнува говор на омраза и да не се уништуваат објектите во градот.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира