СО МУЗИКАТА НА ТОМИСЛАВ ЗОГРАФСКИ ВЕЛЕС ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕ

    СО МУЗИКАТА НА ТОМИСЛАВ ЗОГРАФСКИ ВЕЛЕС ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕНа концертот настапија Менка Богоевска настапи на виолина, а Емилија Кабранова-Филипова на пијано. (Фото: СДК.МК)

    Со мини концерт на кој Менка Богоевска настапи на виолина, а Емилија Кабранова-Филипова на пијано, со изведба на дела од Томислав Зографски, беше одбележан 9 Ноември,  Денот на ослободувањето на Велес и празник на Општина Велес.

    Концертот се одржа во Спомен-костурницата, каде што се посмртните останки на 378 загинати партизани и 202 цивили од периодот на Народноослободителната борба (1941–1944 година).

    „Голема чест ни направија од Општината со организирањето на овој концерт посветен на делата на Томислав Зографски. Како негова сопруга, знам дека тој беше горд велешанец и секаде со гордост го истакнуваше тој податок. Семејството Зографски, како што го нарекувате вие, од кое потекнува Томислав, има роднини во градот, но не знам дали и колку тие знаат за неговото творештво. Фондацијата постои 20 години и е единствена во Македонија посветена на класичната музика. Таа поддржува концерти на кои се изведуваат авторски дела на Томислав Зографски. Располагаме со архива од повеќе од две илјади концертни материјали, кои им ги испраќаме на организаторите. Сепак, немаме потврда дали и во колкава мера тие ги објавуваат и ги зачувуваат од заборав“, изјави Панда Зографска, сопруга на Томислав Зографски и претседателка на Фондацијата.

    Вечерва, на свечената седница по повод празникот на Општина Велес, ќе бидат врачени признанијата „9 Ноември“. Највисокото признание , наградата „Гемиџии“ за животно дело, годинава му се доделува на урологот д-р Горан Јовиќ.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира