СО НОВИ ЧАРТЕР ЛЕТОВИ ОД ИЗМИР ОХРИД ОЧЕКУВА ПОВЕЌЕ ТУРСКИ ТУРИСТИ

    СО НОВИ ЧАРТЕР ЛЕТОВИ ОД ИЗМИР ОХРИД ОЧЕКУВА ПОВЕЌЕ ТУРСКИ ТУРИСТИАгенцијата за промоција и поддршка на туризмот годинава ќе привчекува туристи од регионот. (Фото: СДК.МК)

    Воведување дополнителни чартер летови Измир-Охрид и Измир-Скопје како редовна линија, најавува директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски по настапот на неодамна оддржаниот Источномедитерански меѓународен саем на туризам и патувања (EMITT) во Истанбул. Охрабрен од големиот интерес за македонските туристички потенцијали, Јанески очекува да се зголеми бројот на турски туристи во текот на престојната туристичка сезона.

    „Во 2019 година турскиот пазар ни беше прв пазар за Македонија. Во 2021 први се српските туристи. Преговорите течат за авиолинијата Белград-Охрид. Во 2022 зачекоруваме кон една нова реалност, каде што туристичкиот сектор покрај тоа што се прилагодува ќе треба многу брзо да стартува со нови понуди и нови промотивни кампањи, промотивни информативни патувања и заеднички настапи со општините на престојните меѓународни саеми“, вели Јанески.

    Од 24 до 27 март ќе се оддржи Саемот во Белград, каде Охрид заедно со туристичкиот сектор ќе ги претстави своите туристички можности.

    „Се надевам дека ќе имаме уште повеќе атракции, уште повеќе адреналински сегменти во нашата понуда и многу повеќе туристи за разлика од 2021 година“, вели Јаневски.

    Според стратешкото планирање на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, очекувањата за реализација од 2,2 милиони ноќевања во 2021 се надминати.

    „Педесетина проценти повеќе имаме зголемување на бројот на ноќевања, што во овој момент е многу поважно од бројот на туристи. Тие туристи кои ги посетуваат нашите дестинации повеќе остануваат, односно приливот во туризмот се очекува да биде поголем, и се надевам дека 2022 година ќе очекуваме нешто над 2,5 милиони ноќевања, сличен или ист прилив од туризмот како од 2019 година“, вели Јаневски.

    Регионот, според Јаневски, е значаен за државата. Според статистиката во 2021, има поголем број ноќевања на српските туристи отколку во 2019. Токму затоа, годинава акцент ќе се става на промотивни активности во регионот и во традиционалните пазари. Потврдени се и чартер линии на холандски и полски туроператори а се очекува и соработка со туроператорите од Руската Федерација, како и воспоставување на новиот лет Тел Авив -Скопје на крајот од мај.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира