СО СТОЛИЦА ЈА ТЕПАЛ ВОНБРАЧНАТА ПАРТНЕРКА, СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ЈА ФРЛИ ОД ТЕРАСА И СЕКСУАЛНО ЈА МАЛТРЕТИРАЛ

    СО СТОЛИЦА ЈА ТЕПАЛ ВОНБРАЧНАТА ПАРТНЕРКА, СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ЈА ФРЛИ ОД ТЕРАСА И СЕКСУАЛНО ЈА МАЛТРЕТИРАЛЈавниот обвинител до Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. (Фото: СДК.МК)

    Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 56-годишник осомничен за кривичните дела Телесна повреда од член 130, став 2, во врска со став 1 и Полов напад и силување од член 186, став 7, во врска со став 3 од Кривичниот законик.

    „Осомничениот на 18 декември попладне во заедничкиот дом на улицата Васко Карангелевски во Битола физички ја нападнал неговата вонбрачна партнерка. Ја удирал по телото, лицето и главата, а зел и трпезариска столица и ја удрил и со неа. Потоа ја носел кон терасата, заканувајќи ѝ се дека ќе ја фрли. Од ударите жената се здобила со телесни повреди. Ѝ наредил да се соблече за да имаат сексуални односи, но оштетената не се согласила, па насилно ја соблекол и ја принудил на други полови дејствија“, соопштија од Обвинителството.

    Јавниот обвинител, ценејќи ги сите околности, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот поради опасноста од бегство и можноста да продолжи да врши дела на семејно насилство кон жената со која живеат во ист дом.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира