СО УРЕДУВАЊЕ НА СОКАЧЕТО БЕЛА ЧЕШМА, МЛАДИТЕ ОД БИТОЛА СЕ ПОБУНИЈА НА ГЛАСИНИТЕ ДЕКА ПО ЦЕЛ ДЕН ПИЕЛЕ КАФЕ НА ШИРОК СОКАК

    СО УРЕДУВАЊЕ НА СОКАЧЕТО БЕЛА ЧЕШМА, МЛАДИТЕ ОД БИТОЛА СЕ ПОБУНИЈА НА ГЛАСИНИТЕ ДЕКА ПО ЦЕЛ ДЕН ПИЕЛЕ КАФЕ НА ШИРОК СОКАКМладинската невладина организација „Форум 16“ си зеде за задача да се сопротивстави на гласините што се шират дека младите се мрзливи, апатични, неработливи и дека по цел ден пијат кафе на Широк Сокак (Фото: СДК.МК )

    „Наместо да пиеме кафе на Широк Сокак и кажано по битолски да скитаме (шетаме), се фативме за работа да го средиме чикмачето (сокаче) кај Бела Чешма да ни биде убаво и ние тука да доаѓаме, да се дружиме“, рече Надица Коловска, средношколка од гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола.

    Таа е дел од групата предводена од Младинската невладина организација „Форум 16“ што си зеде за задача да се сопротивстави на гласините што се шират дека младите се мрзливи, апатични, неработливи и дека по цел ден пијат кафе на Широк Сокак.

    „Лани ОБСЕ формираше работна група од граѓански асоцијации кои требаше да работата на идентификување на гласини. Гласините креираат стереотипи, дискриминации и можат да доведат до говор на омраза. Нѐ интересираа негативните стереотипи кои се однесуваат на младите. Младите беа идентификувани како мрзливи, апатични, неработливи токму затоа што сите овие години циркулираат гласини дека младите се постојано на Интернет, постојано пијат кафе на Широк Сокак“, рече Наташа Чавдаровска, претседател на НВО „Форум 16“.

    Во уредувањето им се придружија и повозрасните жители од околните маала (Фото: СДК.МК )

    За да се разбијат овие стереотипи и да се престани со генерализација на работите, оваа младинска организација спороведе активност „Гласно сокаче- будно чикмаче“ во која се зафати да го уреди урбаниот простор кај месноста наречена Бела Чешма во Битола. Ова е сокаче кое како собиралиште на битолчани во минатото е опеано во повеќе песни за Битола, а во поново време беше запуштено.
    Во уредувањето им се придружија и повозрасните жители од околните маала, а потоа се дружеа и одиграат партија бељот.

    „Ќе организираме и интерактивни работилници и друштвени игри, бељот, младите да научат од пострите како се игра бељот, а можеби и старите да поднаучат некоја финта од младите поради тоа што имаме информации дека и тоа како се игра бељот на училиште на одмори. Целта меѓу другото е и да се развие меѓугенерацискиот дијалог“, рече Чавдаровска.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА 

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари