СОЈУЗОТ НА ИЗВИДНИЦИ И ВОЛОНТЕРИ ОД „ТЕЛЕКОМ“ ЗАСАДИЈА 10.000 ДРВЦА НА ОПОЖАРЕНИТЕ ПОВРШИНИ ВО ДЕЛЧЕВСКО

    СОЈУЗОТ НА ИЗВИДНИЦИ И ВОЛОНТЕРИ ОД „ТЕЛЕКОМ“ ЗАСАДИЈА 10.000 ДРВЦА НА ОПОЖАРЕНИТЕ ПОВРШИНИ ВО ДЕЛЧЕВСКОНова дрвца се засадени во регион каде голем дел од шумскиот појас изгоре во пожарите во 2020 и 2021 година.(Фото: Телеком)

    Волонтери од Телеком и од Сојузот на извидници, заедно со Национални шуми засадија дрвjа во Источниот регион. Насадени се нови 10. 000 дрвца на површина од 4 хектари, во Стар Истевник, Делчево, регион во кој голем дел од шумскиот појас изгоре во пожарите во 2020 и 2021 година.

    Оваа акција е дел од партнерството на „Телеком“ со Сојузот на извидници, преку проектот „Боренка“.

    „Боренка“ е еко-иницијатива за обнова на опожарени региони во која може да се учествува како креатори на виртуелната шума или како волонтери за пошумување преку Сојузот на извидници и Општините. Во виртуелната шума на www.borenka.mk секој може да нацрта и да засади свое виртуелно дрвце. Македонски Телеком се обврза за секое нацртано дрвце во Источниот регион да насади природно со што виртуелната магента шума стана природна.

    „Македонски Телеком почна со обнова на зелениот појас зафатен од пожарите уште минатата година, како дел од ESG агендата на компанијата. Преку партнерството со Сојузот на извидници го прошири своето поле на делување, ја зголеми свеста за проблемот и масовноста на акцијата. Во последниве неколку месеци, над 3.000 деца од Македонија беа дел од едукативните работилници на ‘Боренка‘, каде што научија колку се важни шумите и нацртаа свое дрвце во виртуелната шума“, велат од Телеком.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира