СОВЕТНИК НА БЕСА ВО ОХРИД ПРИЈАВИЛ ДЕКА БИЛ НАТЕПАН ОД СОВЕТНИК НА ДУИ

    СОВЕТНИК НА БЕСА ВО ОХРИД ПРИЈАВИЛ ДЕКА БИЛ НАТЕПАН ОД СОВЕТНИК НА ДУИОпштинскиот совет на Охрид денеска расправаше по предлогот за ребаланс на буџетот. - Советот на Општина Охрид (архивска фотографија)

    Движењето Беса вели дека нивниот советник во Советот на Општина Охрид Џемал Мена денеска бил нападнат од советник на ДУИ. Од партијата велат дека случајот е пријавен во полиција и очекуваат надлежните органи да го сфатат физичкиот напад сериозно.

    Од полицијата потврдија дека имаат пријава за физички напад во општинската зграда во Охрид.

    „Денес околу 14 часот, во СВР Охрид, Џ.М. телефонски пријави дека во просториите на Општина Охрид, физички бил нападнат од Н.У., двајцата од Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на овој настан“, соопштија од охридската полиција без да дадат други детали.

    Општинскиот совет на Охрид денеска расправаше по предлогот за ребаланс на буџетот.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари