СОВЕТНИЦИТЕ ОД ЦЕНТАР НА КОИ ИМ ИСТЕКУВА МАНДАТОТ ЌЕ ГИ ДОБИЈАТ ЛАПТОПИТЕ КУПЕНИ СО ПАРИ ОД ГРАЃАНИТЕ

    СОВЕТНИЦИТЕ ОД ЦЕНТАР НА КОИ ИМ ИСТЕКУВА МАНДАТОТ ЌЕ ГИ ДОБИЈАТ ЛАПТОПИТЕ КУПЕНИ СО ПАРИ ОД ГРАЃАНИТЕНа седницата на Советот на Општина Центар која ќе се одржи в четврток на дневен ред е точката за пренесување во сопственост на преносни таблети на членовите на Советот во период 2017-2021. (Фото: Општина Центар)

    Советниците во Општина Центар ќе одлучуваат дали службените лаптопи кои се купени со пари од граѓаните ќе си ги задржат, ќе ги донираат или ќе ги остават на Општината. На седницата на Советот на Општина Центар, која ќе се одржи в четврток, на дневен ред е точката за пренесување во сопственост на преносни таблети на членовите на Советот на Општина Центар-Скопје во период 2017-2021 година.

    „Општина Центар – Скопје е сопственик на преносни таблети од типот Леново (Lenovo тип MIIX 320-10ICR), кои им се дадени на користење на членовите на Советот на Општина Центар-Скопје во мандатниот период 2017-2021 година. Со оваа Одлука Општина Центар-Скопје им ги пренесува во сопственост без надомест преносните таблети од член 1 на оваа Одлука на членовите на Советот на Општина Центар – Скопје во мандатниот период 2017-2021 година. Се задолжува Секторот за финансиски прашања да изврши отпис на преносните таблети од сметководствена евиденција на Општина Центар – Скопје“, гласи одлуката која треба да се усвои со мнозинство од Советот.

    Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ, на прашање на САКАМДАКАЖАММК зошто мора советниците да ги добијат лаптопите кои ги користеле додека им траел мандатот, а не Општината, вели дека тие морале да се расходуваат и потоа секој член на Советот ќе одлучи што ќе прави со нив.

    А АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира