До доцна во ноќта синќа Советот на Општина Битола расправаше по предлозите за покачување на цената на водата за пиење за периодот од 2024 до 2026 година, но советничкото мнозинство гласаше против. Да не дојре до поскапување гласаа советниците од СДСМ со колалицоните партнери, Поинаку и Левица, гласаше воздржано дури и ВМРО-ДПМНЕ, од чии редови е и директорот на „Водовод“ кој воедно е и лидер на локалниот партиски огранок.
Јавното претпријатие „Водовод“ од Битола согласно решение на Регулаторната комисија побара од Советот да донесе одлука за поскапување на водата за пиење за 6,9 денари за домаќинствата и 5,2 денари за претпријатијата за 2024 година. Според тоа, домаќинствата наместо 31,78 денари за кубик вода ќе требаше да плаќаат 38,71 денар, а фирмите од 52,80 на 58,07 денари. Покачувањето на цената во 2025 и 2026 година ќе беше помало и ќе се движеше од 0,9 дени до еден денар за метар кубен вода.
За точките се расправаше дури по 22 часот, зашто советниците чекаа на седницата да се појави директорот на претпријатието Пеце Милевски кој не дојде, а во меѓувреме одржа партиска прес-конференција барајќи од претседателката на Советот да си поднесе оставка.
Ж. ЗДРАВКОВСКА