СПАНАЌОТ И МАРУЛАТА ВО ВЕЛЕШКО ПОЛНИ СО ТЕШКИ МЕТАЛИ

    СПАНАЌОТ И МАРУЛАТА ВО ВЕЛЕШКО ПОЛНИ СО ТЕШКИ МЕТАЛИЕкологистите велат дека со години бараат деконтаминација на почвата во градот и околината, но државата не презема ништо (Фото: СДК.МК)

    Испитувањата на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) покажуваат дека во велешко, спанаќот и марулата имаат високи вредности на тешки метали. Во една мостра на марула е констатирано присуство на кадмиум од 0,368 мг/кг, што е далеку повеќе од максимално дозволените 0,050 мг/кг. Во примерок од спанаќ е утврдено присуство на кадмиум од 0,373 мг/кг, а во друг примерок имало и 0,645 мг/кг, како и олово 0,360 мг/кг. Максимално дозволена вредност на оловото во спанаќот и марулата е 0,3 мг/кг.

    Овие вредности се пронајдени со испитувањата во 2018 година. Во 2017 во спанаќот било констатирано присуство на кадмиум од 0,574 мк/кг. Мострите се земаат од зелените пазари, па од АХВ не можат да кажат во кои делови од велешко се одгледуваат спанаќ и марула со така високи концентрации на тешки метали, кои се опасни по здравјето на луѓето. Во млад кромид и во грозјето не се пронајдени високи концентрации на тешки метали. Неспорно, тешките метали се остаток од тридецениската работа на Топилницата, но и 15 години од нејзиното затворање, последиците не се отстранети.

    „Зеленчукот одгледан во одредени делови на велешко не треба да се консумира и жално е што досега не е извршена деконтаминација на почвата, со цел да се овозможи производство на здрава храна. Тоа ќе има позитивно еколошко, здравствено и социјално влијание врз жителите на Велес. Еколошкото друштво ‘Вила Зора‘ веќе 15 години бара да се реши проблемот со историското загадување на градот и околината и моментално работи на градење стратегија за негово решавање“, рече екологистот Ненад Коциќ, член на Советот на Општина Велес.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира