Падна стаклото од излогот на Одделението за водење матични книги во Битола во центарот на градот. Стаклото се скрши поради силниот ветер.
Според очевидци повредени се две девојчиња, кои со возило на Брза помош се однесени во Клиничката болница.
На терен има екипи на полицијата.
Ж. ЗДРАВКОВСКА




