СТАН ВО СТРУГА ЧИНИ ДО 1.300 ЕВРА ЗА КВАДРАТ ПО ДРАСТИЧНОТО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ОХРИДСКАТА РИВИЕРА

    СТАН ВО СТРУГА ЧИНИ ДО 1.300 ЕВРА ЗА КВАДРАТ ПО ДРАСТИЧНОТО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ОХРИДСКАТА РИВИЕРАИ покрај порастот на цената купувачи има, а најзаинтересирани се иселениците, велат агенциите за недвижности. (Фото: СДК.МК)

    Цената на становите во Струга е зголемена за 20 проценти, па метар квадратен во строгиот центар покрај Дрим и на самиот брег од Охридското Езеро достигна до 1.300 евра. Причина, според Агенциите за недвижности, е постојаниот раст на цената на градежните материјал,и но и тоа што градбата е намалена па побарувачката е поголема од понудата.

    Стан во стара градба надвор од центарот во градот може да се најде и за 500 до 700 евра за метар квадратен.

    „Во Струга има стари станови и нивната минимална цена е 500 евра по метар квадратен, а спопред локацијата, состојбата на станот може да биде и 700, додека новите станови имаат повисока цена која достигнува до 1.300 евра. Цените варираат зависно од локацијата и квалитетот на градбата“, вели Инајет Положани, агент за недвижности.

    Положани вели дека и покрај порастот на цената купувачи има, а најзаинтересирани се иселениците.

    „Бројот на печалбарите секојдневно расте и тие се големи купувачи, но има и такви кои живеат тука. Банките даваат поволни услови и помагаат да има продажба на станови“, додава Положани.

    Драстично зголемување на цената на становите минатата година имаше и во Охрид. Метар квадратен во централното градско јадро и на самото крајбрежје чини од 1.300 до 1.500 евра, а некои станови на најатрактивните локации се продаваат и над 2000 евра за метар квадратен.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира