СТАРОГРАДСКА КУЌА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ СЕ УРИВА ЗА ЗГРАДА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СТАРОГРАДСКА КУЌА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ СЕ УРИВА ЗА ЗГРАДА

    Една од најстарите куќи со градска архитектура во строгиот центар на Скопје денеска почна да се урива, за на нејзино место да се изгради станбено-деловен објект. Жолтата куќа е на улицата Максим Горки, веднаш до некогашната печатница „Гоце Делчев“, каде што фирмата “НАСТЕЛ“ на бизнисменот Зоран Азманов пред неколку години ископа градежна јама за да гради хотел.

    Ќе снема уште една од ретките оригинални куќи со градска архитектура во центарот на Скопје (Фото: СДК.МК)

    Ќе снема уште една од ретките оригинални куќи со градска архитектура во центарот на Скопје (Фото: ФЕЈСБУК)

    Лани во јануари, Општина Центар  го затвори градилиштето кое се води на улицата 8-ма Ударна Бригада и е спроти италијанската амбасада, оти поради дупката беше нарушена стабилноста на околното земјиште, па Општината му наложи на инвеститорот „НАСТЕЛ“ да изработи елаборат за обезбедување на градежната јама, а најави и дека фирмата ќе биде казнета со глоба од 2.000-4.000 евра и 1.000-2.000 евра за одговорното лице.

    Од Општина Центар за САКАМДАКАЖАМ.МК денеска изјавија дека староградската куќа што се урива е купена од „НАСТЕЛ“ и е дел од градежната парцела, а инвеститорот има добиено градежна дозвола.

    Од „НАСТЕЛ“ ни изјавија дека куќата е приватен имот, а фирмата ја откупила за докомплетирање на градежната парцела.

    „Ќе почнуваме со изградба на административно-деловен објект на местото на старата печатница, додека кај куќата ќе градиме станбено-деловен објект. Висината е приземје плус два ката плус поткровје. Очекуваме градежните работи да завршат за година и пол“, велат од „НАСТЕЛ“.

    Улицата 8-ма Ударна Бригада беше целосно реконструирана пред скоро 2 години, но веднаш беше забележано дека има опасност за возила и пешаци од нејзино поткопување и оголување на инсталациите поради ископана огромна дупка длабока неколку метри.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира