СТЕЧАЈЦИТЕ БАРААТ ПАРИ ОД НОВИОТ БУЏЕТ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СТЕЧАЈЦИТЕ БАРААТ ПАРИ ОД НОВИОТ БУЏЕТ

    Стечајните работници од Куманово бараат од власта во новиот буџет за 2017 година да предвиди по 6.000 денари месечно за нив. Со тоа ќе овозможи оваа категорија на социјално загрозени граѓани нормално да живее до нивното  пензионирање или повторно вработување. Ова барање стечајците го соопштија на денешниот двочасовен протест на влезот и излезот на Куманово.
    „Решивме на овој начин да го подигнеме својот глас бидејќи сме подзаборавени од сите, власта, опозицијата, политичките партии и невладините организации, повеќе никој не се сеќава на стечајците кои беа ударници да се дигне гласот против овој режим. Затоа сега бараме широка подршка за решавање на нашиот проблем. Во новиот буџет од 3 милијарди евра да се вметне ставка за наше обештетување“, вели претседателката на здружението УНИТ, стечајката Љиљана Георгиевска.
    Стечајците денеска ги запоседнаа двете главни крстосници кон автопатот Куманово- Скопј и Куманово-Табанове и го блокираа собраќајот. Најавија дека секој понеделник наместо состанок во нивните простории ќе се собираат на протест.
    Во Куманово има 1120 стечајни работници а во државата околу 4.000 лица.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира