На предвремените избори за градоначалник во Општина Брвеница ќе има втор круг, во кој одат Стојанчо Радически од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ кој е во водство по првиот круг со освоени 2.943 гласови (38,90 %) и Аркин Јахиј од Националната алијанса за интеграција (НАИ) предводена од ДУИ него со освоени 2.152 гласови (28,45 %), според последните податоци објавени од Државната изборна комисија (ДИК) по 100 проценти обработени избирачки места во Општината.
Трет по бројот на освоени гласови е Јакуп Хусеини од коалицијата ВЛЕН со 1.528 гласови (20,20 %), а следуваат Јовица Радески од коалицијата предводена од СДСМ со 706 гласови (9,33 %), независниот кандидат Душан Богдановски со 55 гласови (0,73 %) и независната кандидатка Арифе Идризи со 21 глас (0,28 %).
Вториот круг ќе се одржи за две недели.
Според податоците на ДИК, на изборите во Брвеница правото на глас го оствариле 7.565 граѓани, со што излезноста изнесува 46,56 % од вкупно 16.256 запишани избирачи. Регистрирани се и 160 неважечки ливчиња (2,12 % од гласачите).
Предвремените локални избори во Брвеница се одржаа откако на 23 јуни 2026 почина дотогашниот градоначалник, 58-годишниот Јовица Илиевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.



