СТРУМИЧАНКИ ЌЕ ГО ПРЕКРОЈАТ БУЏЕТОТ АКО СЕ ГРАДОНАЧАЛНИЧКИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СТРУМИЧАНКИ ЌЕ ГО ПРЕКРОЈАТ БУЏЕТОТ АКО СЕ ГРАДОНАЧАЛНИЧКИ

    Ако струмичанки станат градоначалнички, општинските пари ќе ги трошат на подобрување на образованието, социјалната заштита, програми за економско јакнење и самовработување, но и за подобрување на патната и комунална инфраструктура во градот и селата. Ова беа нивните желби во кампањата „Жените буџетираат“  од акцијата на „Здруженска“ од Скопје, на прашањето каде ќе ги наменат јавните пари на локално ниво. Струмичанки срамежливо застануваа на поставениот пункт пред трговскиот центар „Глобал“ за да ги кажат своите мислења што би направиле ако станат градоначалнички.

    „Целта е да ги поттикнеме жените да влезат во сферата на креирањето политики на што да се трошат јавните финансии на локално ниво, бидејки искуството покажа дека воопшто не се активни во областа на одлучувањето, а уште помалку се активни во донесеување одредени буџетски програми. Сметаат дека тоа не е нивна работа“, вели Сузана Гроздановска Филева од „Здруженска“, која вакви акции спроведува и во општините Центар , Карпош, Кавадарци и Радовиш.

    Искуството покажало дека жените во Македонија ги мачат практични работи. Најчесто барале вработување на нивните деца, отварање детски градинки, изградба на водоснабдителни и канализациони системи и отварање гинеколошки амбуланти во руралните средини, но никогаш немале амбиции да ги решаваат преку јавна функција.

    Кампањата, која во Струмица ја спроведе Организацијата на жени, е дел од акцијата Застапување на родово инклузивни буџети, проект на швајцарската агенција за развој и соработка, поддржан од Цивика мобилитас, Нирас од Данска и МЦМС.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира