СТРУШКА НЕФРОЛОГИЈА ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА ПО 40 ГОДИНИ, СО 350.000 ЕВРА ОД ШВАЈЦАРСКАТА АМБАСАДА

    СТРУШКА НЕФРОЛОГИЈА ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА ПО 40 ГОДИНИ, СО 350.000 ЕВРА ОД ШВАЈЦАРСКАТА АМБАСАДАПроектот предвидува и изградба на фотоволтаици и централно снабдување со кислород. (Фото: СДК.МК)

    Специјализираната болница за нефрологија во Струга ќе се реконструира со 350 илјади евра обезбедени од Швајцарската амбасада. Проектот предвидува и изградба на фотоволтаици и централно снабдување со кислород.

    Директорот д-р Александар Попоски вели дека со ваквите зафати ќе се подобрат условите во оваа здравствена устанува која опслужува до 200.000 пациенти од целиот регион, а редовно 110 лица се на хемодијализа приклучени на најсовремени апарати. Во болницата месечно се прават и до 500 прегледи.

    „Го добивме проектот од Швајцарската амбасада и Министерството за локална самоуправа, околу 350.000 евра за реконструкција и комплетно реновирање на делот од Холидеј дијализа. Комплетно реновирање на дограма онаму каде што немаме сменето, подови, операциони сали“, вели д-р Попоски.

    Болницата има доволно лекари специјалисти и субспецијалисти, а располага и со современи апарати за дијализа но има недостиг од медицински персонал, медицински сестри, болничари и хигиеничари.

    „Недостасуваат хигиеничари, дел од медицински персонал како медицински сестри и болничари поради одлив односно поради заминувања во пензија. Вработувањата одат споро. Министерството за здравство ги знае овие проблеми и очекуваме во најбрзо време да објави оглас на нови шест медицински сестри“, велид-р Попоски.

    Објектот на струшка Нефрологија е изграден во 1984, а изминативе 4 децении немало поголеми градежни зафати, реконструиран е само покривот.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира