Стружани и денес доцна попладне излегоа на протест поради нерешавањето на проблемот со дивата депонијата која гори со куси прекини од Велигден .
Стружани на кусо го блокираа и кружниот тек на магистралниот пат што води кон граничниот премин Ќафасан.
“Локалната самоуправа веднаш да преземе акција за целосно гасење на депонијата надворешно и внатрешно, а Владата под итно да закаже вонредна седница на која ќе дискутира за проблемот на стружани. Да се формира работно тело од претставници на Министерството за животна средина и локалниот инспекторат за екологија, кои ќе излезат со предлог локациии за одлагање на отпадот се до формирање на регионалните депонии”, порача граѓанскиот активист Глигор Ќатоски
Стружани побараа под итно да се формираат регионални депонии.
Иницијативата отпадот од Струга да се депонира во охридкста депонија кај Буково, Општина Охрид не го прифати, со образложение дека и таа е претесна за охридскиот отпад.
Стружани побараа поддршка за решавање на овој проблем од министерот без ресор по потекло од Струга Рамиз Мерко, но и од лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села.
Д.Чубриќ