СТУДЕНТИТЕ ОД ТЕТОВСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ СО ПРОЦЕСОТ ПРОТИВ ЉУБЕ БОШКОСКИ ПОБЕДИЈА НА НАТПРЕВАРОТ ВО СИМУЛИРАНО СУДЕЊЕ ВО ШТИП

    СТУДЕНТИТЕ ОД ТЕТОВСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ СО ПРОЦЕСОТ ПРОТИВ ЉУБЕ БОШКОСКИ ПОБЕДИЈА НА НАТПРЕВАРОТ ВО СИМУЛИРАНО СУДЕЊЕ ВО ШТИПВо современо опременета судница на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип симулираните судења се водеа на високо и професионално ниво од студентите по право во Македонија (Фото: СДК.МК)

    Студенти од Правниот факултет при Тетовскиот универзитет победија со симулација на судскиот процес со две кривични дела против Љубе Бошкоски, за злоупотреба на средствата за изборна кампања и за злоупотреба на службената положба и овластувањата. За најдобар судија избрана е студентката Калтрина Емро од истиот факултет, која го „водеше” судењето против Бошкоски.

    Натпреварот во симулирано судење се одвиваше во комплетно опремената судска сала на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, кој беше домаќин на натпреварот. Според одлуката на жирото составено од професионални судии и професори од факултетите и мисијата на ОБСЕ во Македонија како соработник, студентската екипа од Тетово го доби големиот пехар. Тие имаа судски процес за злоупотреба на службената положба и изборни нерегуларности.

    Симулирано судење изведоа и студентите  од Универзитетот за Југоисточна Европа, кои на натпреварот во Штип на сите универзитети во Македонија се задржаа на процес кој е актуелен во последните години не само во Македонија туку и на целиот Балкан и пошироко. Тие го симулираа овој случај: „Основниот суд во Скопје по 10 години затвор ги осуди тетовчаните А.Л. ( 32 ) , Х.М. ( 33 ) А. Б. ( 38 ) затоа што на 11 октомври 2017 година за да изнудат пари од едно тетовско семејство фрлиле две рачни бомби пред дворот и на кровот од нивната куќа и со автомобилот со кој дошле побегнале. Куќата била оштена, а во сериозна опасност по животот се нашле домаќините заедно со двете малолетни деца. Случајот веднаш бил пријавен во полиција која по излегувањето на местото на настанот што се случил во 4 часот наутро на улицата Илинденска во Тетово и по безбедносните камери на куќата се видело кои лица го сториле тоа. Утредента бил фатен само прво осомничениот А.Л. додека неговите другари се дале во бегство и судењето се одржа во нивно отсуство. По сослушавањето на двајца јавни и еден заштитен сведок кои рекоа дека осомничените претходно му понудиле на семејството заштита и дека ќе се пишмани ако не ја прифати понудата за обезбедување, судот донесе одлука тројцата осомничени да ги осуди на по 10 години затвор и продолжување на мерката притвор за првоосудениот кој заедно со останатите двајца имаат право на жалба. Сите учесници во судскиот спор на почетокот се изјаснија дека процесот ќе го водат на официјалниот, службен, македонскиот јазик“.

    За најдобар јавен обвинител беше прогласен обвинителот од Универзитетот „Св.Кирил и Методи“ од Скопје, најдобар бранител имаше Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, најдобар сведок Штуловиот универзитет, најдобар обвинет Битолскиот универзитет. Тие и колегите од Штип имаа судски процеси за неовластено држање и пуштање во промет на марихуана и други наркотични средста.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира