СТУДЕНТКА ЧИИ РОДИТЕЛИ ЛАНИ ПОЧИНАЛЕ ОД КОВИД-19 ЈА ДОБИ ПРВАТА СТИПЕНДИЈА ОД ШТИПСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ „Д-Р СИМОН ВАСИЛЕВ“

    СТУДЕНТКА ЧИИ РОДИТЕЛИ ЛАНИ ПОЧИНАЛЕ ОД КОВИД-19 ЈА ДОБИ ПРВАТА СТИПЕНДИЈА ОД ШТИПСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ „Д-Р СИМОН ВАСИЛЕВ“Ирена Ванчовска од Прилеп е студентка на штипскиот Медицински факултет. (Фото: СДК.МК)

    Здружението „Д-р Симон Василев“ од Штип, основано пред осум месеци по минатогодишната прерана смрт на хирургот, ја додели првата стипендија на Ирена Ванчовска од Прилеп, студентка на штипскиот Медицински факултет. Таа лани за 5 дена ги загубила двајцата родители во ковид пандемијата,  па заедно со сестра и останале со минимални примања недоволни за живот и студирање.

    „Стипендијата ми е од големо значење. Ќе ја добивам до дипломирањето и мислам мислам дека ќе ги покривам сите трошоци што ќе ги имам до крајот на студирањето, па затоа многу сум благодарна на овие хумани луѓе“, вели  Ванчовска која е втора година на Факулетот по медицински науки, насока фармација.

    „Сакаме со една ваква хуманитарна активност да не бидат заборавени делата на големиот човек Симон Василев, да останат меѓу младите, а помошта што ќе се дава и во иднина ќе биде наменета на студенти кои навистина имаат потреба од тоа“, рече сопругата на Симон, Мирела Василева.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира