СУДЕЊЕТО ЗА ХЕЛИКОПТЕРСКАТА НЕСРЕЌА ВО СТРУМИЦА ВО 2014 ОДЛОЖЕНО ЗА ОКТОМВРИ, СЕ БАРА ОДГОВОРНОСТ НА МАКЕДОНСКА РАДИОДИФУЗИЈА ОТИ АНТЕНСКИОТ СТОЛБ НЕ БИЛ ОСВЕТЛЕН

    СУДЕЊЕТО ЗА ХЕЛИКОПТЕРСКАТА НЕСРЕЌА ВО СТРУМИЦА ВО 2014 ОДЛОЖЕНО ЗА ОКТОМВРИ, СЕ БАРА ОДГОВОРНОСТ НА МАКЕДОНСКА РАДИОДИФУЗИЈА ОТИ АНТЕНСКИОТ СТОЛБ НЕ БИЛ ОСВЕТЛЕННа 10 јули 2014 околу 22 часот, во непосредна близина на Струмица полицискиот хеликоптер „МИ 17“ произведен во 2008 со ознаки МАР 7712 удри во антенскиот столб на МРД и при падот експлодираше, при што на лице место загинаа пилотитеДраган Мицев, Марјан Трајковиќ, Тоде Орешков и Ило Лопатички. (Фото: СДК.МК)

    Јавното претпријатие Македонска радиодифузија (МРД) со две лица кои биле на раководни позиции во ова јавно претпријатие пред пет години, седна на обвинителна клупа во струмичкиот суд за хеликоптерската несреќа кај Струмица во која загинаа четворица пилоти на МВР. Против нив, Јавното обвинителство покрена обвинителен акт за тешки дела против општата сигурност, кривично дело за кое се бара одговорност од МРД како правно лице, тогашната директорка и раководителот на секторот за заедничка техника.

    Според напишаното обвинение, тие необезбедиле осветлување на антенскиот столб во кој удри полицискиот хеликоптер „МИ 17“, при што на лице место загинаа пилотите Драган Мицев, Марјан Трајковиќ, Тоде Орешков и Ило Лопатички.

    Но само што почна, судијката Цона Каламерникова го одложи судскиот процес за крајот на октомври. Како што рече, од причина што правниот застапник на МРД и нивниот бранител доставиле барања дека за рочиштата закажани оваа недела не може да дојдат оти биле во странство. Барањето тие уредно и навремено го доставиле во струмичкиот суд. Останатите обвинети и нивните бранители беа присутни во судницата.

    На 10 јули 2014 околу 22 часот, во непосредна близина на Струмица полицискиот хеликоптер „МИ 17“ произведен во 2008 со ознаки МАР 7712 удри во антенскиот столб на МРД и при падот експлодираше, при што на лице место загинаа пилотите Мицев, Трајковиќ, Орешков и Лопатички. Сите биле на ноќен лет со опрема за ноќно летање од Скопје до Делчево, при што требало да ги надлетаат Велес, Валандово, Струмица и Берово. Во критичниот момент, тие со перките удриле во антенскиот столб по што се случила несреќата. По пет години вештачења и мислења, Јавното обвинителство покрена обвинение против Македонската радиодифузија со тогашната директорка и раководителот на сектор за техника, бидејќи антенскито столб не бил осветлен.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира