СУДОТ ГО ОСЛОБОДИ ПРИЛЕПСКИОТ АКТИВИСТ ТУЖЕН ЗА ГРАФИТОТ „ЧЕ СИ ЛЕЖИТЕ“

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Прилеп,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СУДОТ ГО ОСЛОБОДИ ПРИЛЕПСКИОТ АКТИВИСТ ТУЖЕН ЗА ГРАФИТОТ „ЧЕ СИ ЛЕЖИТЕ“

    Прилепскиот Основен суд донесе ослободителна пресуда за Жарко Стеваноски, граѓанскиот активист којшто МВР го товареше за сторен прекршок по член 191 од Законот за безбедност во сообраќајот за време на протестите на Шарената револуција. За Стеваноски, кој е адвокат по професија, очекувана е оваа пресуда на Основниот суд, зашто како што вели, тој едноставно не го сторил прекршокот за којшто го товари прилепската полиција со поднесена прекршочна пријава.

    „Прекршокот ми беше ставен на товар затоа што за време на протестите на Шарената револуција во Прилеп, испишував графит на коловозот пред општинската зграда со порака ‘Че си лежите’. Но, како што навестував од почетокот, оваа пресуда е потврда дека МВР потпаднало под притисок на локалните власти, за да вршат притисок врз учесниците во Шарената револуција“, вели Стеваноски.

    Стеваноски беше еден од најистакнатите граѓански активисти во Прилеп. Тој има поднесено кривични пријави во ОЈО против повеќе локални функционери и чека судска разрешница.

    Тој додава дека за време на судската постапка бил повикан заменик командирот на прилепската униформирана полиција, кој реално ја опишал фактичката состојба.

    “Тој реално ја опиша фактичката состојба, од која произлегува дека не постојат елементите на прекршокот коишто ми се ставаат на товар. За време на протестите оваа улица беше забранета за сообраќај. Практично, овој претставник на Министерството потврди дека не постои таков прекршок за којшто ме товари МВР. Трошоците за постапката со пресудата не се определени согласно со адвокатската тарифа. Затоа ќе поднесеме жалба до Апелациониот суд во Битола, а средствата што ќе ги добиеме ќе ги искористиме за утврдување на реалната штета предизвикана врз општинската зграда за време на протестите и ќе покажеме дека изјавите на локалните власти во однос на тоа се лажни, невистинити и предимензионирани, за да предизвикаат револт кај граѓаните од одржаните протести“, додава Стеваноски.

    Во прилепскиот Основен суд против него се водат уште три судски спорови, со наводи дека сторил ист таков прекршок како и во случајот за којшто овој пат доби ослободителна пресуда.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари