СУСПЕНДИРАН ВОЗАЧ НА ЈСП СКОПЈЕ КОЈ ИСТЕПАЛ ПАТНИК, ГО УДИРАЛ СО ГЛАВА ПО ГЛАВА

    СУСПЕНДИРАН ВОЗАЧ НА ЈСП СКОПЈЕ КОЈ ИСТЕПАЛ ПАТНИК, ГО УДИРАЛ СО ГЛАВА ПО ГЛАВАОд ЈСП денес велат дека возачот е суспендиран откако биле прегледани видеоснимките од автобусот. (архивска фотографија)

    Возач во автобус на ЈСП „Скопје” вчера истепал патник. Очевидци велат дека патникот на линијата 24 побарал од возачот да вклучи клима, по што настанал конфликт. Возачот го запрел автобусот и почнал да го тепа патникот. Првин возачот го фатил патникот со раце и со глава го удрил по глава, а потоа и на други места.

    Од претпријатието денес велат дека возачот е суспендиран. Биле прегледани видеоснимките од автобусот на кој се гледало дека патникот е физички нападнат од возачот.

    „Денеска, изготвено е решение за суспензија на возачот и покрената е процедура за преземање на соодветни законски мерки за извршениот престап на работното место”, велат од ЈСП „Скопје”.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира