СВЕТИ НИКОЛЕ СО 192 АКТИВНИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ЌЕ ДОБИЕ МОБИЛЕН ПУНКТ ЗА ТЕСТИРАЊЕ

    СВЕТИ НИКОЛЕ СО 192 АКТИВНИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ЌЕ ДОБИЕ МОБИЛЕН ПУНКТ ЗА ТЕСТИРАЊЕСпоред денешната статистика од Институтот за јавно здравје, вкупно заболени во Свети Николе има 220, а се активни 192. (Фото: Фејсбук)

    Од среда ќе функционира новиот мобилен пункт за земање брисеви во Свети Николе, откако Комисијата за заразни болести одговори на барањето на Кризниот штаб на Општината, да го направи подостапно земањето брисеви за граѓаните на оваа општина и соседната Општина Лозово, соопшти Министерството за здравство.

    Според статистиката од Институтот за јавно здравје, вкупно заболени во Свети Николе има 220, а активни случаи 192.

    Деновиве беше зголем бројот на тестирања на жителите на Свети Николе во Штип. Некои од тестираните единствено апелираат нивните тестови што се праќаат за Скопје да бидат решени за кратко време, а не по неколку дена да се чекаат резултати и цели недели заболените или асимптоматичните да бидат во неизвесност и во исчекување што им создава нова психолошка драма во животот.

    „Свети Николе е под Центарот за јавно здравје во Велес, но ние сите пациенти кои имаат упат од матичен од овој град за тестирање во штипскиот Центар не ги враќаме. Хумано е, и знаеме во каква мака се заболените и нивните семејства па затоа ги тестираме кај нас“, вели раководителот на Центарот за јавно здравје, епидемиологот Марија Димитрова.

    За таа намена ќе се користи надворешен објект во близина на подрачната единица на Центарот за јавно здравје Велес во Свети Николе со посебен влез и патека на движење целосно одвоени од другите пациенти.

    Контролните прегледи ќе се закажуваат од Центарот за јавно здравје Велес од страна на докторите, а првичниот преглед ќе се закажува преку матичен лекар.

    „Главна цел на отворањето на мобилниот пункт е да се овозможи побрзо тестирање на лицата кои биле позитивни на ковид-19, а кои веќе подолг период се во изолација поради неможноста да патуваат во другите градови. Со тоа ќе се намали и бројот на активните случаи во градот“, велат од Министерството.

    Вкупно ковид дијагностицирани земјава има 10.315, оздравеа 5.663, починаа 471, а активни се 4.181.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира