Светскиот вицешампион во карате од Дубаи Емил Павлов поднесе оставка од советничкото место во Советот на Општина Штип. Тој накратко образложи дека повлекувањето од советничкото место е од лични причини, по што Советот ја прифати неговата оставка.
„Сфатив дека имам многу големи ангажмани за тренирање и натпреварување во земјата и странство што значи дека често ќе отсуствувам, некогаш и подолго време, а со тоа ќе ја кочам работата на Советот“, кажа Павлов, кој на последните избори стана член на Советот на Општината Штип како дел од советничката група на СДСМ.
Т. ЈОВАНОВСКИ