ТАИНСТВЕН УПРАВНИК ВО РЕК БИТОЛА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТАИНСТВЕН УПРАВНИК ВО РЕК БИТОЛА

    Владата постави в.д. управник во РЕК „Битола“, соопшти СДСМ на денешната прес конференција. Според нив, се работи за таинствен управник кој имал задача да ги среди состојбите во Комбинатот, но досега во јавноста тоа не било објавено. Од опозицијата прашуваат дали назначувањето на в.д. управникот е по дефектите и испадите на блоковите кои се случуваа во изминатиот период? И вчера не работеа во исто време трите блока, од кој во едниот се случи хаварија на склопка, другиот беше во ремонт, а третиот плански исклучен.

    „Одговорност мора да има и за штетите и за последиците. Бараме персонална одговорност, кој ќе ја понесе? Генералниот директор на ЕЛЕМ Дејан Бошковски, генералниот директор на РЕК Јовко Крстевски или таинствената личност со иницијали К.М. кој во пследните денови се претставува како вршител на должност управник на РЕК? Според наши информации од вработени во РЕК пред извесно време одредена личност има своја канцеларија во близина на раководството на РЕК и се претставува дека е пратен од Владата на Македонија да ги среди состојбите во РЕК”, изјави Васко Ковачевски, пратеник од СДСМ.

    Од РЕК ни рекоа дека ќе пратат соопштение со одговори.

    Летово се случи два пати во ист ден да не работат сите три блока во електро-енергетскиот стожер кој произведува 80 проценти од струјата во земјава. Денес еден од блоковите е ставен во функција.

    Постарите битолчани паметат дека специјално овластено лице од Скопје да ги среди состојбите во РЕК беше пуштено кон крајот на 80 тите години кога комбинатот беше под принудна управа за време на хаваријата со паѓањето на косиот мост.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира