ТАЛЕСКИ СО ДРЖАВНИ ПАРИ ЌЕ СНИМА ФИЛМ КОЛКУ ЈА РАЗВИЛ БИТОЛА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТАЛЕСКИ СО ДРЖАВНИ ПАРИ ЌЕ СНИМА ФИЛМ КОЛКУ ЈА РАЗВИЛ БИТОЛА

    Градоначалникот на Oпштина Битола Владимир Талески, кој е првоосомничен во случајот „Транспортер“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за злоупотреби и за малверзации со превозот на ученици во Битола тешки 360.000 евра, ќе го овековечи своето владеење преку снимање на документарен филм за развојот на градот од 2005 до 2017 година, односно за периодот на неговите три градоначалнички  мандати. На интернет страницата од Бирото за јавни набавки од пред три дена објавен е оглас за понуди за снимање и монтажа на документарен филм со наслов „Развојот на Битола 2005-2017 година“.

    Според информации што ги објави битолската телевизија „Орбис“, филмот ќе се плати со пари од граѓаните, односно општинскиот буџет  ќе го чини околу 8.200 евра без ДДВ. Изборот на фирма по пат на електронска аукција ќе се изврши на 9 март во 12 часот во просториите на Општина Битола.

    Филмот ќе се снима непросредно пред истекот на последниот мандат на Талески и пред одржувањето на новите локални избори. Ќе се снима филм за развој на Битола иако во градот се распаѓа Офицерскиот дом, Џепането, во индустриската зона „Жабени“ и покрај бројните најавени странски инвестиции до сега се изгради и функционира само една фабрика, изградбата на пругата за Грција запре, сѐ уште не е доградена инфраструктурата во касарната, топлификацијата сѐ уште не стигнала до градот, домот „Копнаки“ не се изгради по пожарот, стадионот е на почеток од градбата, дел од младото население се исели, дуќаните на Широк Сокак се затвораат.

    Градоначалникот Талески на неодамна одржанатата прес-конференција за отчет на својата работа изјави дека направиле сто улици и уште толку ќе направат. Понатаму, рече дека знае оти има кај граѓаните некои замерки, но дека тие го решиле главниот проблемот со невработеноста преку отворање на фабрики во „Жабени“. Како успех го посочи и продавањето на  незиградено градежно земјиштето по евро за метар квадратен, по што, како што кажа, на сите страни во Битола се гради, а претходно немало кран во градот. Рече дека градот станал спортски и културен центар.

    На  Талески за „Транспортер“ му беше одреден куќен притвор на 16 јуни, 2016 а потоа по барање на СЈО му беше продолжен на 21 јули и на 19 август. На 19 септември Апелацискиот суд го одби барањето на СЈО на Талески третпат да му биде продолжен куќниот притвор за нови 30 дена и наместо оваа мерка, му наложи на битолскиот градоначалник двапати неделно да се јавува во суд. СЈО веднаш ја обжали одлуката на Апелација до Врховниот суд. Во меѓувреме, Талески беше пуштен од куќен притвор и се врати на работа. Во прислушуваните разговори за овој случај значаен беше оној во кој ексминистерот за финансии Зоран Ставрески на ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска ѝ вели дека Талески е „коруптивен до даска“.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира