ТАЛЕСКИ ГО ПОПРАВИ ИЗРОНЕТИОТ СТИРОПОР НА НОВОТО КИНО „МАНАКИ”

    ТАЛЕСКИ ГО ПОПРАВИ ИЗРОНЕТИОТ СТИРОПОР НА НОВОТО КИНО „МАНАКИ”Белите делови од градбата кои наликуваа како да се од цврст градежен материјал се направени од стиропор и дел од нив под дејство на атмосферските влијанија се изронија (Фото: СДК.МК)

    Општина Битола го поправи изронетиот стиропор од фасадата на новоизграденото кино „Манаки” на Широк Сокак. Но, на фасадата останаа и понатаму украсни орнаменти од стиропор. Општината вети дека ќе одржи прес за градбата, тоа не го стори. Во моментот се изведуваат активности за партерно уредување на просторот околу киното.

    Изградбата на киното започна во 2013 година и се градеше според зачувани фотогрфии на киното „Балкан“ на браќата Манаки кое работело во 1923 до 1939 година на Широк Сокак.

    На почетокот на месецот работниците ги тргнаа тарабите и се виде изронетиот стиропор на фасадата. Белите делови од градбата кои наликуваа како да се од цврст градежен материјал се направени од стиропор и дел од нив под дејство на атмосферските влијанија се изронија. Овие орнаменти се прикачени на цврстата градба и со нив требаше киното да го добие автентичниот лик како стариот објект каде во 1923 година браќата Манаки прикажувале филмови. Покрај стиропорот напред, од задната страна за градба на киното, во делот каде треба да биде салата за проекции, искористен е градежен материјал кој наликува на лим.

    За градбата на киното „Манаки“ на почетокот на месецов реагираше и локалната опозиција.
    „Изградбата на објектот со големина од 400 метри квадратни опфати два мандати на градоначалникот Владимир Талески и за истиот, според информации од општината, се потрошени 900.000 евра. Наместо материјали кои ќе отсликуваат едно време искористени се стиропор и пластифициран лим. Од тука, денес битолчани го нарекуваат киното, гулабарникот на Широк Сокак“, рече Благојче Котевски, советник од СДСМ.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира