ТЕЧЕ ПИВО НИЗ БИТОЛСКИТЕ УЛИЦИ 

    ТЕЧЕ ПИВО НИЗ БИТОЛСКИТЕ УЛИЦИ Од камион испаднаа стотина гајби со пиво „даб“ од Прилепската пиварница (Фото: СДК.МК)

    Повеќе десетици литри пиво потекоа на влезот од Битола откако од камион испаднаа стотина гајби со пиво „даб“ од Прилепската пиварница. Очевидци раскажуваат дека камионот се зализгал кога вртел на кривината за патот за Охрид, а од приколката испаднале стотина гајби со пиво пакувано во стаклени шишиња.

    За среќа камионот не се превртел, но се причини поголема материјална штета зашто стаклените шишиња се искршија и од нив потече пиво по коловозот (Фото: СДК.МК)

    За среќа камионот не се превртел, но се причини поголема материјална штета зашто стаклените шишиња се искршија и од нив потече пиво по коловозот.

    Така, другите возачи кои минуваа во овој дел на градот мораа да возат претпазливо, а имаше и такви кои застануваа и се обидуваа да украдат по некое шише кое успеало да остане нескршено.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира