ТЕМЕЛНО СЕ РЕНОВИРА ХОТЕЛОТ „МОЛИКА“ НА ПЕЛИСТЕР, ЗА ПРВПАТ ПО 30 ГОДИНИ ОД ИЗГРАДБАТА

    ТЕМЕЛНО СЕ РЕНОВИРА ХОТЕЛОТ „МОЛИКА“ НА ПЕЛИСТЕР, ЗА ПРВПАТ ПО 30 ГОДИНИ ОД ИЗГРАДБАТАХотелот е во државна сопственост и со него раководи ЕСМ Молика. (Фото: СДК.МК)

    На 30-годишнината од изградбата, темелно се реновира хотелот „Молика“ на Пелистер кој е во државна сопственост и со него раководи ЕСМ Молика.

    „Веќе неколку недели во тек е реновирање на собите. Одиме фазно, по вертикали. Се менува дограмата, комплетно се реновираат капатилата, се поставуваат нови водоводни цевки, нов одвод и нов дрвен под. Набавени се нови душеци, нови телевизори и нови мини барови“, рече директорот Миле Велајновски.

    Се реконструира и летната тераса, се поставува таванска изолација, се гради камин, а во лоби барот гарнитурите се веќе сменети. Се менува ламперијата и ќе се реконстуира останатата површина од фасадата.
    Во тек е постапка за изградба на систем за осветлување на ски-стазата Копанки, со цел во зимскиот период да има и ноќно скијање. Во завршна фаза е изборот на изведувач.

    „Молика ќе oдбележи 30 години постоење во ново руво, реновиран и реконструиран, а реновирањето треба да заврши до 30 декември годинава“, вели Велјановски.

    Зафатите се од сопствени и средства од АД ЕСМ.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира