ТЕТОВЧАНЕЦ СИ ГО УБИЛ СИНОТ СО ЛОВЕЧКА ПУШКА, ПОЛИЦИЈАТА ГИ НАЈДЕ ПО ДВА ДЕНА

    ТЕТОВЧАНЕЦ СИ ГО УБИЛ СИНОТ СО ЛОВЕЧКА ПУШКА, ПОЛИЦИЈАТА ГИ НАЈДЕ ПО ДВА ДЕНАУбиството се случило на 31 декември, а полицијата на 2 јануари ги најде убиениот син и таткото во бесознание во нивниот дом во Блок 70 во Тетово. (Фото: СДК.МК)

    Тетовчанец си го застрелал 39-годишниот син со ловечка пушка по домашна расправија. Убиството се случило на 31 декември, а полицијата на 2 јануари ги најде убиениот син и таткото во бесознание во нивниот дом во Блок 70 во Тетово. Oбвинителството од Тетово побара притвор за осомничениот за кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

    „При семејно насилство и по кратка меѓусебна расправија, осомничениот со истрел од ловна пушка која ја поседувал со дозвола, со умисла го лишил од живот сопствениот 39-годишен син, со кого живееле во истиот стан. Куршумот ја погодил жртвата во градниот кош и тој веднаш починал, а осомничениот седел во станот со безживотното тело на починатиот додека не ги пронашле“, соопшти Обвинителството.

    СВР Тетово соопшти дека на 02.01.2025 околу 18.50 часот во Блок 70 во Тетово, во неговиот дом бил пронајден С. Н. (39) без знаци на живот, со прострелна рана во главата. С. Н. живеел со неговиот татко, кој бил пронајден во бесознание и од Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Тетово.

    „Во просторијата каде бил пронајден С. Н., пронајдена е ловечка пушка. По преземени мерки и активности за расчистување на случајот, во координација со јавен обвинител, утврдено е дека се работи за кривично дело ‘Убиство’ сторено на 31.12.2024, каде по претходна физичка пресметка, М. Н. (65) со ловечка пушка го усмртил неговиот син С. Н.. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во соопштението од СВР Тетово.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира