ТЕТОВО ДОБИ МУРАЛ ПОСВЕТЕН НА ДОКТОРИТЕ ШТО СЕ БОРАТ ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ

    ТЕТОВО ДОБИ МУРАЛ ПОСВЕТЕН НА ДОКТОРИТЕ ШТО СЕ БОРАТ ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТМуралот е дело на младиот тетовски уметник Рејан Етеми. (Фото: СДК.МК)

    На самиот влез во Тетово од страната од Скопје осамна голем мурал посветен во чест на докторите и медицинските работници кои секојдневно се борат против ковид-19. Муралот е дело на младиот тетовски уметник Рејан Етеми. Со ова дело, како што вели Етеми сака да им даде поддршка на медицинскиот персонал кој им помага на болните од оваа заразна болест.

    „Мотивот за овој мурал е пандемијата со коронавирусот и борбата на докторите со неа. Ова е мој начин да им изразам една голема поддршка на медицинските лица кои се херои на ова време. Ми беа потребни два дена за изработка на овој мурал со кој сакам да им порачам на докторите и медицинските лица да истраат во борбата со оваа опасна заразна болест“, вели Рејан Етеми.

    Овој тетовски ликовен уметник дипломирал уметност на Универзитетот во Приштина каде ги поминал и постдипломските студии.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира