ТЕТОВО ИСПРАТИ ДЕСЕТИЦИ ТОНИ ХРАНА И ОБЛЕКА И 1,5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА АЛБАНИЈА

    ТЕТОВО ИСПРАТИ ДЕСЕТИЦИ ТОНИ ХРАНА И ОБЛЕКА И 1,5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА АЛБАНИЈААкцијата за прибирање хуманитарна помош ќе продолжи и во наредните денови (Фото: СДК.МК)

    Тетово ја испрати првата пратка хуманитарна помош за настраданите во земјотресот во Драч и Тумане во Албанија. За многу кратко време собрани се десетици тони брашно, масло за јадење, вода и друг вид храна, како и облека и ќебиња. На веста за катастрофалниот земјотрес во Албанија реагираше и
    локалната самоуправа.

    „На вонредната седница на Советот на Општина Тетово донесовме две одлуки. 27 и 28 ноември ги прогласиме за денови на жалост во Општина Тетово и доделуваме финансиска помош за настраданите во износ од еден и пол милиони денари“, изјави претседателот на Советот на Општина Тетово, Беким
    Мемети.

    Акцијата за прибирање хуманитарна помош продолжува и понатаму и втората пратка се очекува да замине за Албанија во попладневните часови.

    З. АНДОНОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира