ТЕТОВО НЕ БЕШЕ УКРАСЕНО, НО СО ГОЛЕМ ОГНОМЕТ И ЗУРЛИ И ТАПАНИ ЈА ДОЧЕКА НОВАТА 2025 ГОДИНА

    ТЕТОВО НЕ БЕШЕ УКРАСЕНО, НО СО ГОЛЕМ ОГНОМЕТ И ЗУРЛИ И ТАПАНИ ЈА ДОЧЕКА НОВАТА 2025 ГОДИНАНе само огномети и петарди, на градскиот плоштад дојдоа и зурлите и тапаните па ечеа песни и се виеја ора. (Фото: СДК.МК)

    На последниот ден од старата година, на градскиот плоштад во Тетово набрзина беа поставени неколку дрвени бараки за продажба на сувенири и една детска вртелешка и тоа беше сè од предновогодишното украсување на градот. Но, ако немаше закитување на плоштадот и по градските улици, на полноќ имаше голем огномет кој траеше десетина минути. Се детонираа светлечки ракети, ечеа петарди од најразличен вид кои можеа тука да се купат на неколку импровизирани тезги.

    Ваквата атмосфера не беше само на градскиот плоштад, каде огнометот беше најголем, туку експлозии од петарди и огномети имаше во речиси секоја улица во градот. Но не само огномети и петарди, на градскиот плоштад дојдоа и зурлите и тапаните па ечеа песни и се виеја ора.

    Првото новородено дете во Тетово е машко. Родено е 35 минути по полноќ со царски рез во Тетовската болница. Тешко е 2.850 грама и долго 50 сантиметри. Тоа е второ дете на родителите Улфет и Бесар Ислами од Мала Речица. Според стручниот тим кој го изврши породувањето, докторите Нагип Руфати и Љуљета Муљаку и педијатарот д- Антигона Треневскa, детето е вително и во добра здравствена состојба.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира