ТЕТОВСКИ ФИРМИ ДОБИЈА Е-ПОШТА ДА СЕ ЈАВАТ ВО МВР ЗА РАСПИТ, ПОЛИЦИЈАТА ВЕЛИ ТОА СЕ ЛАЖНИ ПОРАКИ

    ТЕТОВСКИ ФИРМИ ДОБИЈА Е-ПОШТА ДА СЕ ЈАВАТ ВО МВР ЗА РАСПИТ, ПОЛИЦИЈАТА ВЕЛИ ТОА СЕ ЛАЖНИ ПОРАКИСВР Тетово апелира до граѓаните доколку со пораки-електронски се повикуваат на разговор, да не ги отвораат прикачените документи во прилог на пораките, особено ако им се испратени од за нив непознати испраќачи и веднаш да го пријават случајот на телефонскиот број 192. (Фото: СДК.МК)

    Вчера и денеска две правни лица од Тетово на своите адреси за е-пошта добиле порака во која се повикуваат на разговор во СВР Тетово за спроведување истрага. Во пораките имало и фолдери кои не можеле да се отворат. Тие ова го пријавиле во СВР Тетово, од каде пак предупредуваат дека станува збор за измама и апелираат до граѓаните да не наседнуваат на вакви лажни и злонамерни пораки кои не се испратени ниту од СВР Тетово ниту од МВР.

    „Секторот за внатрешни работи Тетово им соопштува на сите граѓани, физички или правни лица, дека покани за разговор, односно за спроведување на истраги, им испраќа во писмена (хартиена) форма со соодветна содржина, а во кои се наведува времето, местото и основата за повикување, но не и по електронски пат на нивни приватни или службени е-адреси. СВР Тетово апелира до граѓаните доколку со пораки-електронски се повикуваат на разговор, да не ги отвораат прикачените документи во прилог на пораките, особено ако им се испратени од за нив непознати испраќачи и веднаш да го пријават случајот на телефонскиот број 192, за да се избегнат недоразбирања и нејаснотии“, соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

    Ваквите измами претставуваат кривично дело Лажно претставување (член 391 од Кривичниот законик), за кое е предвидена парична или затворска казна до една година.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира