ТЕТОВСКИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ МАКЕДОНЦИ ФРЛЕНИ ВО ГЕТО, ОБВИНУВААТ РОДИТЕЛИТЕ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Тетово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТЕТОВСКИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ МАКЕДОНЦИ ФРЛЕНИ ВО ГЕТО, ОБВИНУВААТ РОДИТЕЛИТЕ

    „Зошто македонските ученици се гетоизирани и се праќаат да учат во супстандардни услови? Зошти тие мораат таму да учат додека учениците Албанци учат во модерни училници со кабинети?“, ова се само дел од прашањата што родителите денеска му ги поставија на раководителот на секторот за јавни дејности на општина Тетово на протестот на учениците Македонци, кој се одржа во општинската зграда.

    Место одговор, раководителот на секторот Ахмет Ќазими го изнесе ставот на општината со кој се предлага наставата на македонските паралелки да продолжи во старите згради на поранешното Медицинско училиште. На ова, тој доби едногласно „не“ и од учениците и од наставниците и од родителите. Не помогна ни неговото тврдење дека општината максимално ќе се ангажира и ќе ја забрза процедурата кога ќе се добиело решението за изградба на нов објект.

    „Не го прифаќаме овој предлог на градоначалничката Арифи, наставата да се одвива во зградите на старото Медицинско училиште, бидејќи го слушаме гласот на учениците и нивните родители. Нашиот следен чекор најверојатно ќе биде обраќање до меѓународните институции“ изјави Катерина Наумовска, помошник  директор за македонските паралелки, која заедно со делегација од ученици, професори и родители беше на средба со градоначалничката Теута Арифи. На состанокот било побарано учениците времено да продолжат да учат во просториите на Работничкиот универзитет додека да се адаптираат зградите на старото Медицинско училиште. Но, овој предлог бил отфрлен, бидејќи и понудените простории се крајно руинирани и непогодни за одвивање настава. Од страна на родителите било побарано во Работничкиот универзитет неизменично да учат и македонски и албански ученици, но за овој градоначалничката не се изјаснила.

    По ова учениците се разотидоа и најавија дека протестот и бојкотот на наставата ќе продолжи и во наредните денови.

    Денешниот протест на учениците Македонци од тетовската гимазија „Кирил Пејчиновиќ“ кој беше најмасовен досега, започна на градскиот плоштад. Учениците заедно со нивните родители и наставници, а на кои им се придружија во знак на поддршка и ученици од другите средни и основни училишта, поминаа низ тетовските улици, гласно протестираа пред зградата на општина Тетово по што влегоа во големата сала на општината каде имаа импровизиран час.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира