ТЕТОВСКИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ ОСТАНУВААТ ДОМА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Тетово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТЕТОВСКИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ ОСТАНУВААТ ДОМА

    Сѐ уште нема договор помеѓу Општината и родителите и наставниците од македонските паралелки од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ за продолжување на наставата. Ни по денешниот состанокот на кој беа присутни и министерот за образование Пиштар Љутфиу и заменик министерот за транспорт и врски не се постигна договор како понатаму да продолжи наставата. Градоначалничката на Општина Тетово Теута Арифи бара, додека не се изгради соодветен објект, наставата да продолжи во просториите на Работничкиот универзитет, каде учениците учеа во второто полугодие од минатата учебна година, додека родителите и наставниците на учениците Македонци бараат тие да учат во просториите на гимназијата, но часовите да бидат скратени.

    „Не успеавме да се договориме наставата да продолжи во просториите каде учениците до сега привремено ја посетуваа наставата. Сметам дека е многу битно учениците да продолжат да посетуваат настава. Министрите треба да ја информираат Владата и од таму чекаме заклучок за можни решенија. Од страна на министерот ни беше речено дека има законска пречка наставата да се одвива во три смени“, изјави градоначалничката Теута Арифи по состанокот.

    Родителите и наставниците од македонските паралелки не сакаа да дадат изјава туку само рекоа дека учениците не се враќаат на настава во Работничкиот универзитет. Бојкотот на наставата ќе трае сѐ додека не се најде прифатливо решение, односно соодветни просторни услови за следење на наставата. Учениците Македонци наставата ја бојкотираат од први септември.

    Но ова не е еднинствениот проблем кај тетовските средношколци. Поголем број ученици од средните училишта во Тетово кои живеат надвор од градот имаат проблеми со  транспортот до училиштата, поради тоа што Општината сѐ уште не склучила договори со транспортните претпријатија. Поради тоа, некои ученици не одат на настава, а други пак превозот до училиштата сами го плаќаат.

    Од Општина Тетово велат дека договор со автопревозниците не е постигнат поради нивното несогласување со буџетот, кој од Министерството за образование бил доделен на Општина Тетово за оваа намена. Општината поднела жалба до Државната комисија за јавни набавки и сега се чека на одговор од комисијата, по што треба да се распише нов тендер за транспорт на учениците.

    З. Андонов

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира