ТЕТОВСКИТЕ КОМУНАЛЦИ ГО ПРЕКИНАА ШТРАЈКОТ, ОПШТИНАТА ИМ ВЕТИЛА ДЕКА ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ ЌЕ ГИ ДОБИЈАТ НЕИСПЛАТЕНИТЕ ПЛАТИ

    ТЕТОВСКИТЕ КОМУНАЛЦИ ГО ПРЕКИНАА ШТРАЈКОТ, ОПШТИНАТА ИМ ВЕТИЛА ДЕКА ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ ЌЕ ГИ ДОБИЈАТ НЕИСПЛАТЕНИТЕ ПЛАТИАко нема исплата до 15 декември, комуналците најавија дека ќе стапат во генерален штрајк (Фото: СДК.МК)

    Тетовските комуналци по тридневниот штрајк денеска почнаа да го транспортираат насобраниот смет во градот. Штрајкот на комуналците е прекинат откако Општината ветила дека ќе им ги исплати заостанатите плати, а денеска им пуштила една заостаната плата.

    Преостанатите плати треба да бидат пуштени во наредниве две недели.

    „Денеска добивме една плата, а до 15 декември треба да ни се исплатат уште две. Ако нема исплата до 15 декември, ќе стапиме во генерален штрајк. Почнавме уште во раните утрински часови со собирање на сметот. Во текот на денешниот ден и во наредните денови поинтензивно ќе се собире сметот од сите места во градот“, информираа работниците од „Комунална хигиена“.

    Освен за неисплатените плати, комуналците протестираа и поради тоа што неколку месеци не им биле платени придонеси за здравственото осигурување.

    Општина Тетово го гледа решението за надминување на ваквата тешка состојба во ЈКП во формирањето на две нови комунални претпријатија и во соработката со словенечката фирма која ќе менаџира со собирањето на сметот, а со која неодамна беше потпишан договор за јавно-приватно партнерство.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира