ТЕУТА АРИФИ ПОБАРА ВЛАДАТА ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД ЕДЕН КОЊ ЗА ДА ГО СПАСИ ТЕТОВО ОД ПОПЛАВИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Тетово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТЕУТА АРИФИ ПОБАРА ВЛАДАТА ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД ЕДЕН КОЊ ЗА ДА ГО СПАСИ ТЕТОВО ОД ПОПЛАВИ

    Централната власт и локалната власт на општина Тетово една година се натегаа околу исплатата на причинетата штета од минатогодишните поплави кои го зафатија Полошкиот регион, а најголеми штети беа причинети во Шипковица и Голема и Мала Речица. Голем дел од жителите на овие места кои претрпеа големи штети се незадоволни од износот кој го добиле. Велат претрпеле големи штети а добиле минимален надоместок.

    Во извештајот што по повод  годишнината од овој трагишен настан во кој покрај големата материјална штета, невремето однесе и 6 човечки животи, градоначалничката Теута Арифи истакна дека општината е само дистрибутер на помошта добиена од Владата. Причинетата штета била проценета на 25 милиони евра и таа сума, после речиси една година недоразбирања на релација со Владата, конечно била доставена до општината и во текот на јули им била дадена на жителите од овие места.

    Над Мала Реќица водотеците и една година по катастрофата не се регулирани

    Над Мала Речица водотеците и една година по катастрофата не се регулирани

    Што се однесува до поплаките на дел од постраданите за висината на износот на оштетата кој го добиле, таа изјави: “Општина Тетово врз основа на постојани поплаки од страна на граѓаните, кои првично примија парична помош од 30.000 денари, а подоцна не резултираа во извештајот на Комисијата на Владата за целосна проценка на штетите, неколку пати  испрати информација до Владата, но досега овие барања и инсистирања на општинската администрација за жал не наидоа на разбирање кај надлежните, со оправдување дека за Владата процесот на утврдување на штетите и нивното обесштетување е веќе завршена работа“.

    Меѓу централната власт и локалната на општина Тетово има несогласување и околу имплементацијата на Акциониот план за превенција од нови поплави вреден 25 милиони евра. Додека државниот секретар за транспорт и врски Божидар Петровски, при неодамнешната посета на Шипковица изјави дека Планот за превенција од нови поплави за кратко време ќе започне да се реализира, градоначалничката Теута Арифи вели дека дел од државните институции не се доволно информирани во врска со имплементацијата на планот. Таа бара Владата што е можно побрзо да ја достави финансиската помош.

    “Од целиот проект и од нашите предвивувања и анализи се покажува дека за да создадат услови градот да може да се штити од вакви катастрофи е потребна инвестиција од 25 милиони евра. Затоа и се обраќаме до државните институции да ја издејствуваат оваа сума имајќи го предвид фактот дека граѓаните на Тетово исто така имаат право да бидат корисници на буџетот кој се двои за сите граѓани. Ова подразбира еден коњ помалку во Скопје и ќе се средат работите“, изјави Теута Арифи.

    Таа за неодамнешната посета на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на Шипковица рече дека се работи за туризам.

    И додека трае ова натегање меѓу Владата и Општината, речните корита и водотеците во Шипковица и Мала и Голема Речица, кои минатата година при поплавите се излеаја и причинија огромни штети, и понатаму стојат нерегулирани а опасноста од нивно повторно излевање при нови обилни дождови е постојано присутна. Не е почната ниту санацијата на постојните ниту изградбата на нови заштитни брани на реката Пена.  Четирите постоечки заштитни брани се во катастрофална состојба и е потребна нивна итна санација а тие се единствената вистинска заштита на градот од поплава од водите на реката Пена.

    Зоран Андонов

    Повеќе за исплатата на штетите од ланската трагедија прочитајте на македонски и на албански јазик на следните линкови:

    http://sdk.mk//index.php/dopisna-mrezha/godina-po-katastrofata-vo-tetovsko-nekoi-dobija-mnogu-pari-za-ich-shteta-a-nekoi-ich-pari-za-mnogu-shteta/

    http://sdk.mk//index.php/rrjeti-i-korrespondenteve/nje-vit-pas-katastrofes-ne-tetove-ca-qe-moren-shume-para-e-nuk-kishin-dem-aspak-e-te-tjere-qe-nuk-moren-aspak-para-po-kishin-shume-dem/

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари