ТОПОЛЧАНИ БАРААТ ДИСЛОКАЦИЈА НА СЕЛОТО ЗА СПАС ОД БРАНАТА БУЧИМ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:51:"Тополница,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТОПОЛЧАНИ БАРААТ ДИСЛОКАЦИЈА НА СЕЛОТО ЗА СПАС ОД БРАНАТА БУЧИМ

    Жителите на Тополница бараат државата да најде начин и да го дислоцира селото, оти не можат секој ден да живеат со страв дека ќе бидат потрупани, откако минатата недела на насипот од браната на Бучим се појави кратер од десетина метри кој за два дена беше саниран. Барањето за дислокација на селото на безбедно место тополчани со години го истакнуваат пред надлежните институции и турските партии во владејачката коалиција, но решение сѐ уште нема. Тие ја бараат локацијата до патот Радовиш-Штип, кога се свртува кон нивното село. Станува збор за државно земјоделско земјиште кое се води како пасишта.

    „Пред десетина години, рудникот Бучим финансираше урбанистички план и проект, но државата не најде начин да ни помогне. Кај се заглави целата постапка никој ни нема објаснето“, вели Неџат Мемедов, кој не спие во родната куќа од страв дека ќе бидат потрупани од насипот на браната

    „Пред десетина години, рудникот Бучим финансираше урбанистички план и проект, но државата не најде начин да ни помогне. Кај се заглави целата постапка никој ни нема објаснето“, вели Неџат Мемедов, кој не спие во родната куќа од страв дека ќе бидат потрупани од насипот на браната

    „Пред десетина години, рудникот Бучим финансираше урбанистички план и проект, но државата не најде начин да ни помогне. Кај се заглави целата постапка никој ни нема објаснето. Таму, оние што имаа ниви си изградија куки. Останатите почнаа темели да поставуваат но дојдоа инспекции и забранија, а 20-на домаќинства добија и парични казни. Мислиш од арно сакаме да бегаме од родните огништа. А да ни дозволат, секој сам без ничија помош ќе си подигне две-три соби само да не сме под браната“, вели Неџат Мемедов, кој лани успеал да изгради  куќа на посакуваната локација.

    Оние што имаа ниви до патот Радовиш-Штип си изградија куки, останатите почнаа темели да поставуваат но дојдоа инспекции и забранија, а 20-на домаќинства добија и парични казни

    Оние што имаа ниви до патот Радовиш-Штип си изградија куки, останатите почнаа темели да поставуваат но дојдоа инспекции и забранија, а 20-на домаќинства добија и парични казни

    По последниот инцидент, според  жителите на Тополница, градоначалникот на Радовиш Сашко Николов им  понудил локација за куќи веднаш до градот, при што сите ќе биле ослободени од комуналии. Но тополчани не се согласиле, бидејки не сакале толку да се оддалечат од своите ниви од кои се издржуваат.

    „Познавајќи ја ситуацијата со ова село, на жителите од Тополница им понудивме парцели во населбата Касарна која е урбанизирана, но и парцели од локалитетот Чамбаир која ја урбанизираме. Се разбира, изградбата на куќите да биде на нивни трошок бидејки како општина немаме такви средства да помогнеме. А со одлука и на Советот може да ги ослободиме од плаќање комуналии за да им излеземе во пресрет. Но, тие упорно сакаат селото да го дислоцираат до патот Радовиш-Штип што е невозможно“, ни изјави градоначалникот на Радовиш Сашко Николов.

    Во селото Тополница има околу 125 домаќинства со околу 700 жители, сите од турската заедница.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира