ТРЕНЕРОТ ПО СТРЕЛАШТВО ПЕШИЌ ДОБИ ОСУМ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ПОЛОВ НАПАД ВРЗ 13-ГОДИШНИЧКА

    ТРЕНЕРОТ ПО СТРЕЛАШТВО ПЕШИЌ ДОБИ ОСУМ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ПОЛОВ НАПАД ВРЗ 13-ГОДИШНИЧКАНа изрекувањето на пресудата во Основен суд Велес обвинетиот Пешиќ негираше дека е сторител (Фото: СДК.МК)

    Кавадарчанецот Благој Пешиќ (69) доби осум години затвор за полов напад врз дете кое не навршило 14 години. Ова е неправосилната пресуда што во Основен суд Велес ја изрече судијата Шефшет Адеми, откако Пешиќ беше прогласен за виновен. На изрекувањето на пресудата беше присутен обвинетиот, кој негираше дека е сторител.

    „Ја прифаќам, но не се согласувам. Јас сум невин и ќе се жалам на апелација“, кажа Пешиќ.

    Пресудата ја слушна и мајката на оштетеното девојче, која веднаш потоа ја напушти судницата.

    За настанот за кој му се судеше на Пешиќ МВР информираше на 29 март 2017, кога во полициска станица во Кавадарци бил пријавен полов напад врз 13-годишна ученичка од страна на нејзиниот тренер по стрелаштво. Тој во повеќе наврати во претходните три месеци вршел обљуба врз ученичката, последен пат дента околу 18 часот.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира