ТРИ КОЊА ДВА КИЛОМЕТРА ГО ПОПРЕЧУВАА СООБРАЌАЈОТ НА НОВИОТ ЕКСПРЕСЕН ПАТ ШТИП-ВЕЛЕС

    ТРИ КОЊА ДВА КИЛОМЕТРА ГО ПОПРЕЧУВАА СООБРАЌАЈОТ НА НОВИОТ ЕКСПРЕСЕН ПАТ ШТИП-ВЕЛЕСДури по половина час, коњите беа избркани во нива покрај патот (Фото: СДК.МК)

    Три коња повеќе од два километра денеска беа учесници во сообраќајот на новиот експресен пат Штип-Велес. Тие се приклучиле на крстосницата за селото Мамутчево и по десната коловозна лента одеа кон Велес. Возачите кои се движеа од Штип кон Велес беа принудувани да подзастануваат и да ги заобиколуваат коњите.

    Благодарение на внимателноста на возачите, сѐ помина без инцидент или незгода. Дури кога дојдоа на Велешко брдо, едно возило се паркираше на помошната лента и двајца млади ги избркаа коњите во околната нива.

    Овој експресен пат нема заштитна ограда од Велес до клучката со новиот автопат Штип-Скопје кај Кадрифаково.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира