ТРИ НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ВО ВЕЛЕС, МЕЃУ НИВ УШТЕ ЕДНО МЕДИЦИНСКО ЛИЦЕ ОД БОЛНИЦАТА

    ТРИ НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ВО ВЕЛЕС, МЕЃУ НИВ УШТЕ ЕДНО МЕДИЦИНСКО ЛИЦЕ ОД БОЛНИЦАТАБројката на дијагностицирани пациенти заразени со коронавирус во Велес стигна до 62 лица. Ординација на инфективното одделение во болницата (Фото: СДК.МК)

    Уште едно лице вработено во Инфективното одделение на Велешката Болница е позитивно на КОВИД-19, објави Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) на Велес. Изминатите 24 часа се регистрирани три нови случаи на КОВИД-19 на територијата на градот. Бројката на дијагностицирани пациенти заразени со коронавирус во Велес стигна до 62 лица.

    Новите регистрирани позитивно тестирани на коронавирус се лице вработено во болницата и две лица кои самоиницијативно се тестирале во клиниката „Жан Митрев” откако имале симптоми на КОВИД-19 – изјавија од велешкиот ЦЈЗ.

    Досега во Велес пет здравствени работници се регистрирани како позитивни на коронавирусот, три се од Центарот за јавно здравје и две од Инфективното одделение на болница.

    П.ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира