ТРИ ПАТИ ДНЕВНО ГО ЧИСТИМЕ ОХРИД АМА НЕ МОЖЕМЕ ДА ГО ДОИСЧИСТИМЕ, ВЕЛАТ КОМУНАЛЦИТЕ

    ТРИ ПАТИ ДНЕВНО ГО ЧИСТИМЕ ОХРИД АМА НЕ МОЖЕМЕ ДА ГО ДОИСЧИСТИМЕ, ВЕЛАТ КОМУНАЛЦИТЕОд ЈП „Охридски комуналец“ велат дека ниската еколошка свест особено се видела на дело изминатиот продолжен викенд, кога фрлено ѓубре имало не само по парковите и на плажите, туку и во Езерото.(Фото: СДК.МК)

    По три пати на ден се чистат улиците и јавните површини низ Охрид оти туристите зад себе оставаат големи количини отпад. Од ЈП „Охридски комуналец“ велат дека ниската еколошка свест на македонските граѓаанки и граѓани особено се видела на дело изминатиот илинденски продолжен викенд, кога фрлено ѓубре имало не само по парковите и на плажите, туку и во Езерото.

    „Ја употребуваме речиси целата механизација и луѓе што работат кај нас. И пак не можеме да стигнеме да го исчистиме она што го оставиле зад себе граѓанките и граѓаните. Наидуваме на расфрлани лименки од пива, остатоци од храна, хартии од разни купени производи, истурени чинии од разни чорби“, вели директорот на ЈП „Охридски комуналец“ Љупчо Грданоски.

    Грданоски вели дека се одржуваат и јавните површини низ градот

    „Освен отстранување на несоодветно депонираниот отпад, се врши и чистење на градскиот парк, градскиот кеј, чаршијата, плоштадот, пристаништето и пешачката патека кон Горица. Ваквите активности за чистење и одржување на јавните локации во градот ќе продолжат интензивно и во текот на наредниот период”, вели директорот  Грданоски.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира